Милан ќе го „бетонира“ Леао, на маса нов „мега“ договор!

Крај на шпекулациите, Милан почна преговори со Рафаел Леао за продолжување на меѓусебната соработката. „Росонерите“ не планираат по ниту една цена да се откажат од 23-годишниот Португалец, кој пристигна на „Сан Сиро“ пред две години, а оваа сезона буквално „експлодира“ и беше избран за МВП на сезоната во Серија А.

Милан сака да го „блиндира“ со нов договор и му понудил четири пати зголемување на платата и откупна клаузула од 200 милиони евра.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека преговорите се во напредна фаза и дека Милан му понудил 6 милиони евра по сезона до 2027 година, а Португалецот во моментов заработува 1,5 милиони евра годишно.

Се вчитува...