Баерн Минхен е на добар пат да осигура продолжување на соработката со Серж Гнабри, пренесуваат герамнските медиуми. Фудбалерот на „баварците“ се најде на краткиот список на Томас Тухел како можно засилување во Челси, но актуелниот првак на Германија веднаш реагираше и спречи нова трансфер сага како онаа на Роберт Левандовски.
Актуелниот договор на германскиот репрезентативец истекува на крајот на следната сезона, а новата соработка се очекува да биде за следните три години во кои крилниот играч ќе заработува и поголема плата.
Гнабри кој во текот на својата кариера броеше настапи за Арсенал во Премиерлигата го засили Баерн Минхен од редовите на Вердер во 2017 година во трансфер вреден само осум милиони евра, а според угледниот Трансфермарт во моментот вреди 65 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

