ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Струга ТЛ загуби од Приштина, Силекс подобар од Кожуф

Фудбалерите на Струга ТЛ загубија од косовскиот прволигаш Приштина со 1-2 на пријателскиот натпревар кој се одигра во Маврово.

Приштина имаше предност со 0-2, со головите од пенал на Гледи Мици во 45. минута и Крешник Ука во 47. минута, а почесниот гол за стружани беше дело на Бесмир Бојку во 81. минута од натпреварот.

Силекс, пак, триумфираа против второлигашот Кожуф со 0-1 на пријателскиот дуел кој се одигра во Гевгелија. Домашните не успеаја да реализираат и пенал на натпреварот, па на крајот мораа да се помират со поразот.

Се вчитува...