Брегалница пред продажба на уште еден фудбалер: Ескиќ пред трансфер во Литванија

Брегалница е пред продажба на уште еден свој фудбалер, по претходните трансфери на Мартин Стојанов и Јован Манев.

И фудбалерот од средниот ред на штипските сини, Никола Ескиќ е пред трансфер во летниот преоден рок. Српскиот интернационалец, според последните информации, е пред преселба во шампионатот на Литванија, во редовите на ФК Ритериаи каде ја продолжува својата кариера.

Се очекува да бидат финализирани и последните детали меѓу двете страни пред реализацијата на трансферот.

24-годишниот Ескиќ во Брегалница пристигна на почетокот од минатата сезона, а претходно во својата кариера има настапи и за српските Напредак и Бачка.

Се вчитува...