По претходните трансфери на Мартин Стојанов во бугарскиот прволигаш Септември Софија и на Јован Манев во турскиот суперлигаш Адана, Брегалница го договори и трансферот на уште еден свој фудбалер ова лето, српскиот интернационалец Никола Ескиќ.
Штипјани и официјално ги договорија условите за продажба на Ескиќ кој својата кариера ја продолжува во литванскиот прволигаш Ритериаи.
Двете страни ги прецизираа деталите околу договорот со кој Брегалница добива финансиска отштета, па 24-годишниот Ескиќ денеска и официјално промовирани во дресот на тимот од Литванија.
Ескиќ во Брегалница пристигна на почетокот од минатата сезона, а претходно во својата кариера има настапи и за српските Напредак и Бачка.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

