Вејн Руни не го сака Луис Суарез

Новиот тренер на Ди-си Јунајтед Вејн Руни изјави дека не го сака во редовите на својот клуб, искусниот уругвајски напаѓач Луис Суарез.

Суарез го напушти Атлетико Мадрид и сега ја бара својата следна дестинација, но Руни иако многу го почитува Уругваецот не го сака во својот тим бидејќи сака играчи гладни за натпревари.

„Многу го почитувам Суарез, тој е неверојатен фудбалер, но сакам „гладни играчи“. Ги сакам тие кои што може да дојдат и да дадат многу на секој натпревар и да бидат на секој тренинг. Напорно работиме за да откриеме профил на такви фудбалери“, изјави Руни. 

Уругваецот пред Атлетико Мадрид беше дел од Барселона, Ливерпул, Ајакс, Гронинген и Насионал.

Се вчитува...