Меси по СП 2022 ќе одлучи за својата иднина

И понатаму е мистерија дали Лионел Меси и следната сезона ќе го носи дресот на Пари Сен Жермен. Фудбалерот на шампионот на Франција нема да разговара со раководството на клубот за нов договор се додека не заврши Светското првенство во Катар.

Управата на парискиот клуб неодамна изрази желба да го продолжи договорот со Аргентинецот најмалку на уште една година, односно до летото 2024 година, пренесоа дел од европските медиуми.

Меси сака да ја темпира формата на стартот на сезоната за Светското првенство во ноември месец кое веројатно ќе биде последно во неговата кариера, а со самото тоа и последна шанса ќе има да го освои единствениот трофеј кој му недостасува.

Се вчитува...