Салихамиџиќ: Баерн е заинтересиран за Де Лихт, но со Јувентус мораме да бидеме трпеливи

Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ моментално е во Торино, каде новинарите го видоа како го напушта стадионот на Јувентус и тоа го искористија за интервју со него.

Салиханиџиќ како поранешен играч на Јувентус дојде да преговара со раководството на клубот околу купувањето на Матијас де Лихт. Тој истакна дека договор се уште не е постигнат, но дека сака лично да разговара со спортскиот директор на „Старата дама“, Маурицo Аривабене.

„Ми беше важно прво да седнам и да разговарам со Маурицио, но и со Недвед и Черубини. Поминав четири години во Јувентус како фудбалер и имам добри односи со сите во клубот и разбирам како функционираат работите таму. Првата понуда (60.000.000 евра) што ја испративме беше одбиена, но се уште ништо не е готово и се уште сме во преговори и треба да бидеме трпеливи и да видиме што ќе се случи на крајот“, изјави Салихамиџиќ.

За потсетување, Де Лихт пристигна во Јувентус пред три години од Ајакс и може да се каже дека не ги оправда очекувањата. Покрај тимот од Минхен, интерес за него покажа и Челси.

Се вчитува...