Македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев, направи артроскопија на коленото поради повреда на латералниот менискус. Поради ова голманот на Серед ќе паузира околу три месеци.
Илиев играше за националниот тим на натпреварот со Гибралтар во Лигата на Нации, а сега ќе го нема на последните два натпевари против Бугарија и против Грузија.
„Морам да направам артроскопија на левото колено. Се надевам на брзо враќање“, ни кажа Илиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА