Може да се случи Елиф Елмас ова лето да има нов клуб. Пред неколку недели наводно поставил ултиматум до челниците на Наполи или поголема минутажа, или трансфер во друг клуб.
Веќе е јасно дека интерес има од Милан и од други клубови, а сега и Фиорентина будно ја следи ситуацијата. Откако го доби Лука Јовиќ речиси бесплатно, сега се врти кон македонскиот репрезентативец.
Елмас е еден од можните засилување на Фиорентина во средниот ред, а покрај него тука се и Ло Селсо и Луис Алберто. Македонецот веќе три години е во Наполи, со настапите оди „горе-доле“, па од тука битката за постојаност во првиот тим може да му донесе и трансфер во друг клуб.
„Елмас е најновото име кое се споменува за засилување во Фиорентина. Играчот е во Наполи веќе три години, но никогаш не ја уживал целосната доверба во тимот од Неапол. Дури и изминатата сезона играчот мораше да се задоволи со мала минутажа. Затоа Фиорентина ќе се обиде со 20 милиони да го ангажира во своите редови, а тренерот Винченцо Италијано би можел да му довери клучна улога“, пишуваат италијанските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

