Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон има актуелен договор со Парма до 2024 година. Тој искористи прилика да потенцира дека се чувствува одлично физички.
Џиџи изјави дека не размислува за пензија, па нагласи дека планира да ја одработи соработката со „млекарите“ до крајот и дека истата може пак да ја продолжи.
„Можам да заминам во пензија на 55 години. Минав десет години во Парма и уште дваесет во Јувентус. Веќе десет години размислувам за пензија, но секогаш продолжувам понатаму“, изјави Џиџи Буфон.
Буфон има 44 години, а минатата сезона во Парма играше заедно со македонскиот фудбалски ас Горан Пандев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА