Перез го одврзува ќесето: Реал со 90 милиони ќе го убедува Дортмунд за потпис на Белингам

Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид одлучи ова лето да го подмлади тимот со оглед на фактот дека носителите на играта се на залез на кариера.

После комлетирањето на трансферот на Чуамени, сега на мета е младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џад Белингам.

18-годишниот фудбалер остави одличен впечаток во својата прва сезона во Борусија Дортмунд и го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои и Реал Мадрид.

Белингам има договор со „милионерите“ до 2025 година, но планот на Реал Мадрид е Англичанецот да пристигне следното лето и да биде долгорочна замена за Лука Модриќ.

Реал сака да ја победи конкуренцијата од англиските клубови и веќе работи на трансферот, а е спремен да плати 90 милиони евра за неговиот потпис.

 

 

 

Се вчитува...