Баерн и Барселона конечно се договорија: Левандовски заминува во Каталонија (ФОТО)

Познатиот спортски новинар Фабрицио Романо ја обелодени веста дека Баерн Минхен и Барселона конечено се договориле за Роберт Левандовски, па Полјакот ќе си го исполни својот сон со продолжување на кариерата во Каталонија.

Напаѓачот се очекува утре да стигне во Барселона, а во понеделник да ги помине медицинските прегледи, по што ќе биде претставен како ново засилување.

Германските медиуми пишуваат дека агентот на фудбалерот, Пини Захави бил човекот кој им ја дал информацијата дека трансферот е договорен.

Барселона се согласила да плати 45 милиони евра за трансферот на Левандовски, а ќе исплати и пет милиони низ неколку бонуси.

Полјакот ќе потпише договор со каталонскиот гигант на три години со опција да го продолжи на уште една сезона.

 

 

Се вчитува...