Гарсија Леон сруши рекорд и го освои првото злато на СП

Кимберли Гарсија Леон успеа да го освои златниот медал на Светското првенство во атлетика во Јуџин.

Атлетичарката од Перу го собори државниот рекорд откако успеа да слави на 20 километри брзо одење за 1:28:38.

Втора позиција припадна на Катаржина Зџијебло од Полска, која во последните километри ја престигна Кијанг Шиџије, олимписка шампионка од 2012 година.

 

 

Се вчитува...