ПСЖ му ја отвори вратата, Вајналдум понуден на Милан

Францускиот гигант, ПСЖ е подготвен да го испрати Жоржињо Вајналдум во Милано на позајмица и да исплаќа речиси половина од неговата годишна плата.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Пари Сен Жермен на Милан му го понудил Вајналдум. Жоржињо не е во плановите на новиот тренер на „светците“, па клубот сака по секоја цена да се ослободи од него.

Милан е во потрага по офанзивен играч за врска, но преговара за Де Кетелар од Бриж и не е заинтересиран за Холанѓанецот.

Покрај на Милан, Вајналдум бил понуден и на Рома, која пак покажува интерес и би можела да го донесе во Рим.

 

 

Се вчитува...