Хавиер Занети, потпретседателот на Интер, јавно проговори дека клубот е заинтересиран за играч од калибарот на Пауло Дибала, но во моментов нема место за него во тимот.
Интер има пет напаѓачи и доколку не замине никој, „нероаѕурите“ нема да можат да го ангажираат Аргентинецот.
„Дибала е опција за нас бидејќи е слободен агент. Меѓутоа во моментов ние ги имаме Лаутаро, Лукаку, Џеко, Кореа и Санчез. Подготовките ги започнавме со пет напаѓачи, но работите можат да се променат. Сепак, засега нема место за нов напаѓач“, изјави Занети.
Иднината на Дибала се уште останува нејасна, па сагата за Аргентинецот ќе биде следена под „будното око“ на медиумите до крајот на летниот трансфер период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА