Алегри се предомисли, Јуве сака да го врати Мората

Иако Јувентус соопшти дека Алваро Мората нема да остане во клубот и дека се враќа во Атлетико Мадрид, сега Масимилијано Алегри и раководството на клубот се предомислуваат.

Мората претходните две сезони ги мина играјќи за Јувентус како позајмен од Атлетико Мадрид, но се врати во шпанскиот клуб. На почетокот на месецот Јувентус дури објави и порака во која му се заблагодари на Мората за се што дал за клубот, и му посака многу среќа во преостанатиот дел од кариерата.

Шпанецот моментално е со тимот на Атлетико Мадрид во Америка на подготовки, но се чини дека не е баш во прв план на Диего Симеоне. Затоа се повеќе се шпекулира дека Мората летово ќе го напушти Атлетико.

Шпанскиот репрезентативец сега повторно се поврзува со Јувентус. Како што пишува „Марка“, тренерот на италијанскиот клуб Масимилијано Алегри нема ништо против враќањето на Мората бидејќи смета дека таков напаѓач му е потребен на Јувентус.

Мората може да игра како крилен напаѓач, како втор шпиц, но и прфаќа да му биде резерва на Душан Влаховиќ. Дали ќе има пресврт и ново враќање на Шпанецот во Јувентус, останува да видиме.

Се вчитува...