Борче Христов е назначен за нов директор на младинските категории во Вардар

Борче Христов е назначен за нов директор на младинските категории во фудбалскиот клуб Вардар. Станува збор за поранешен играч и тренер во академијата.

Христов е професор во центарот за едукација на тренери при ФФМ. Во својата кариера беше дел од неколку клубови во Македонија, три години тренер во Карабах во Азербејџан и четири години спортски директор на академијата на овој клуб.

Вардаровата школа важи за извор на едни од најдобрите таленти во Македонија и со ангажирањето на искусен и квалитетен фудбалски работник како Борче Христов клубот покажува дека во иднина сериозен акцент ќе биде ставен на работата со младинските школи.

Се вчитува...