Верати: Се уште боли поразот од Македонија, тоа беше силна шлаканица за Италија

Марко Верати очигледно се уште не може да го преболи поразот во Палермо од Македонија (0-1), па повторно се потсети на победничкиот гол во дело на Александар Трајковски во последните минути од мечот.

Плејмејкерот на ПСЖ говореше за елиминацијата од турнирот поради која не успеаа да влезат во игра за пласман на Светското првенство (СП) кое оваа година ќе се игра во Катар.

„Тој меч за Италија беше катастрофа. Многу тежок контраст – Прво станавме европски шампиони, а неколку месеци подоцна добивме таква силна шлаканица. Не успеавме да играме на голем настан како на Европското првенство. Во такви натпревари ако погрешиш скапо ги плаќаш грешките“, потенцираше Верати.

За потсетување, Италија вторпат во низа не успеа да обезбеди пласман на едно Светско првенство, откако претходно го пропушти настанот во 2018 година.

Се вчитува...