Милан со конкретна понуда до Елмас, свикан итен состанок во Наполи!

Менаџерите на Елиф Елмас побарале итен состанок со раководството на Наполи и газдата Аурелио Де Лаурентис откако Милан испратил конкретна понуда за македонскиот репрезентативец.

Оваа информација ја пренесува „Ил Матино“, само еден ден откако вчера дојде најава дека италијанскиот првак Милан подготвува понуда од 35 милиони евра за нашиот репрезентативец.

„Ил Матино“, сега објави дека менаџерите на Елмас ќе се обидат да издејствуваат ваков премин во редовите на италијанскиот првак, со што Наполи би заработил двојно од тоа што за Елмас го платија пред три години кога од Фенербахче го добија за 16 милиони евра.

При евентуален трансфер на Елмас во Милан, тоа ќе биде најголемиот во историјата на македонскиот фудбал!

Се вчитува...