Забранет влез за Чави во САД – Барселона на подготовки замина без тренерот

Фудбалерите на Барселона отпатуваа за САД каде ќе ги започнат подготовките за новата сезона, но во Северна Америка влегоа без тренерот Чави Хернандез кому му беше забранет влез во државата од страната на властите.

Причината за истото е „опасноста“ која ја носи Шпанецот со себе по престој во земји од Блискиот Исток како Иран, каде вршеше активности со својот поранешен клуб Ал Сад од Катар, но замина во 2019 година.

Сепак очекувањата се дека американските власти дополнително ќе дозволат влез на тренерот на Барселона и тој ќе се приклучи на подготовките за неколку дена. До тогаш тренинзите за престојните натпревари против Интер Мајами, Реал Мадрид, Јунветус и Њујорк Ред Бул ќе ги водат неговите помошници Серхио Алегре и Оскар Хенандез.

Се вчитува...