Џоел Ембид во иднина ќе може да се натпреварува за репрезентацијата на Франција откако неодамна доби француски пасош. „Триколорите“ во центарот на Филаделфија добија големо засилување, а за него говореше и новиот центарски колега Руди Гобер.
Кошаркарот на Минесота кој со Франција освои сребрен медал во Токио во 2021 година, како и три бронзи на Светските и европските првенства не го криеше задоволството од новиот соиграч и не ги штедеше зборовите за него.
„Кошаркар како Ембид е единствен на светот. Се надевам дека ќе го видам како игра во дресот на нашата репрезентација. На крајот селекторот одлучува кој игра, но никој не може да одбие играч како Џоел. Кога ќе се поврзе со останатиот дел до тимот, кога ќе направиме добра хемија тој ќе биде одлично оружје за нашиот состав“, вели Гобер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

