Леброн си поигруваше во Дру-лигата: Поени, асистнеции, атракции и победа (ВИДЕО)

Леброн Џејмс по 11 години повторно заигра во Дру-лигата, натпреварување кое традиционално се одржува во САД, а на него учествуваат професионалци и аматери. Кошаркарот на Лејкерс беше дел од тимот на ММВ Читерс и го предводеше до победа од 104-102 против Блек Прл.

„Кралот“ во преполната сала реализираше 42 поени, а згора на тоа додаде 16 асистенции и 4 украдени топки. Натпреварот не помина без голем број атракции, а Леброн имаше време и да влезе во расправа со судиите.

Се вчитува...