Де Јонг со Барселона во САД – ништо од трансферот во Манчестер Јунајтед?

Се поизвесно е дека Френки де Јонг ќе остане во Барселона и следната сезона. Холанѓанецот ова лето е поврзуван со премин во редовите на Манчестер Јунајтед, според последните информации каталонскиот и англискиот клуб ја договориле и цената на трансферот, но младиот фудбалер одбива заминување од „Камп Ноу“.

Напротив, тој замина со тимот на турнејата во САД каде каталонците ги очекува силен турнир против Интер Мајами, Реал Мадрид, Јувентус и Њујорк Ред Булс со што шансите за реализација на трансферот ги сведе на минимум.

Се вчитува...