Христијан Коцев за посилна Победа

Прволигашот Победа продолжува со засилувањата за новата сезона. По ангажманот на дефанзивецот Методија Тоше Делов, денеска клубот ја официјализираше соработката со Христијан Коцев.

Дваесетидвегодишникот кој ја покрива левата страна на теренот е познат по својата пожртвувана игра во нападот и одбраната, а во Прилеп пристигна од редовите на Македонија Ѓорче Петров.

Во наредните денови се очекува Победа да го официјализира ангажманот на уште неколку нови засилувања кои се очекува да го подигнат квалитетот и да ја засилат конкуренцијата во тимот кој го очекуваат силни предизвици во повратничката прволигашка сезона.

Се вчитува...