Сеир на векот: Спартак Москва го „истрола“ Кристијано Роналдо (ФОТО)

Кристијано Роналдо и ова лето е топ тема во медиумите. Португалскиот ас сака да замине од Манчестер Јунајтед, но далеку потешко од очекуваното го наоѓа следниот клуб. Тој е поврзуван со Баерн Минхен и Челси, но тренерите на овие тимови рекоа „не“ за ангажман на 37-годишникот.

Тоа беше повод за сеир на социјалните медиуми, а ниту Спартак Москва не се воздржа да се нашали со Португлаецот. Имено, рускиот тим на официјалниот Твитер акаунт објави фотографија од наводен разговор со еден од најдобрите фудбалери на денешницата која завршува кратко со „не“. Јасно е дека станува збор за фотомонтажа, како онаа од разговорот со Меси од пред година дена…

Се вчитува...