Паоло Дибала е еден од најбараните фудбалери во Италија. Договорот на аргентинскиот репрезентативец со Јувентус заврши по крајот на сезоната па сега како слободен агент ќе ја бира новата средина.
За неговите услуги заинтересирани беа Интер, Милан и Наполи, а нив им се приклучи и Рома која пратила и официјна понуда до играчот, пренесуваат тамошните медиуми. Жозе Мурињо веќе разговарал со 28-годишникот кој има кратко време да се изјасни за понудата од четигодишен договор со кој ќе заработува годишна плата од седум милиони евра.
Како потсетување, поради барањето од осум милиони евра годишна плата веќе пропадна договорот со Интер, па останувa да видиме дали Аргентинецот ќе попушти пред „волчицата“. Доколку го прифати договорот, за него тоа ќе биде трет клуб на „Чизмата“ по Палермо и Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА