Челси не го дава Албанецот: Броја останува на „Стемфорд Бриџ“

Армандо Броја во новата сезона ќе добие шанса во дресот на Челси, пренесуваат англиските медиуми. Албанскиот репрезентативец по одличната сезона во Саутемптон го привлече вниманието на неколку премиерлигаши како Вест Хем и Еветон, но во отсуство на напаѓач Тухел ќе го задржи младиот играч.

Сега 20-годишникот е дел од Челси од 2009 година, а откако ги помина сите младински категории за „сините“, забележа и еден настап за првиот тим. Претходната сезона ја помина на позајмица во Саутемптон каде постигна девет гола на 38 одиграни средби.

Во новата сезона Челси нема да може да смета на услугите на Ромелу Лукаку, а и покрај тоа што остана без клучен играч во нападот, приоритет за лондонскиот тим остануваат засилувањата во одбраната.

Се вчитува...