Македонските фудбалски тимови продолжуваат со подготовките за новата сезона. Денеска на зелениот терен силите си ги одмерија Тиквеш и Кожуф, а кавадарчани славеа со 3-1.
Тиквеш имаше предност од два гола по првото полувреме со головите на Мишов и Кирчевски во 34. и 44. минута, а кавадарчани ја зголемија предноста на 3-0 во 76. минута преку Нгоба. Гевгеличани поразот го ублажија во 85. минута.
За Тиквеш тоа е втора победа на пријателските натпревари, додека Кожуф по победата над Силекс го забележа првиот пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

