Кристијано Роналдо сепак нема да го засили Спортинг ова лето. Португалскиот ас е поврзуван со заминување од Манчестер Јунајтед, а изборот падна на неговиот поранешен клуб од Португалија откако денеска се појави слика од неговиот автомобил во гаражата за фудбалери на стадионот „Жозе Алваладе“.
Роналдо не крие дека сака да ја заврши кариерата во Спортинг, тоа најверојатно и ќе се случи, но не ова лето туку на самиот крај на богатата кариера бидејќи на објава за трансферот на социјалната мрежа Инстаграм возврати со еден збор – „лажно“.
📲 Cristiano: “Fake” ❌ [via Reddit] pic.twitter.com/pHMaiESUgk
— centredevils. (@centredevils) July 17, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

