Шампионот на Германија, Баерн Минхен и вторпат категорично се огради од информациите кои ги поврзуваат со трансферот на Кристијано Роналдо.
Откако „баварците“ ја прифатија понудата на Барселона за Роберт Левандовски, гласините за можно доаѓање на Португалецот на „Алијанц Арена“ повторно станаа актуелни.
„Имам голема почит кон Кристијано поради неговите успеси и неговата кариера воопшто, но повторно ве уверувам дека тој никогаш не бил и не е моментално опција за нас“, изјави спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.
Роналдо инсистира да си замине од Манчестер Јунајтед и одби да тренира со „црвените ѓаволи“ бидејќи сака да игра за тим кој настапува во Лигата на шампиони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА