Адеми со комплименти за Шкупи: Динамо ќе има многу жив и брз противник

По победата во дуелот со Линколн од Гибралтар, шампионот на Македонија, Шкупи ја помина првата пречка во рамки на квалификациското коло во Лигата на шампионите.

Сега тимот од Чаир ќе биде соочен со можеби најтешкиот противник, со оглед на тоа што во второто коло го Динамо Загреб.

Во пресрет на овој дуел, македонскиот фудбалер Аријан Адеми испрати комплименти за тимот предводен од Гоце Седлоски.

„Станува збор за одличен тим, многу жив и брз. Во моментов не можеме да кажеме дека ги знаме сите бидејќи се сменија многу играчи, но нивниот голман е мој колега во македонската репрезентација“, рече Адеми.

За потсетување, првиот натпревар се игра во Загреб, во вторник со почеток од 21.00 часот.

Се вчитува...