Левандовски пристигна во Мајами и се запозна со новите соиграчи од Барселона (ВИДЕО)

Новиот напаѓач на Барселона, Роберт Левандовски пристигна во Мајами и оствари средба со новите соиграчи од клубот.

Тимот на Чави отпатува во САД како дел од својата предсезонска турнеја, а токму таму Левандовски ќе ја започне адаптацијата кон новите соиграчи.

Левандовски веќе се чекираше на Флорида, а фановите на Барселона со внимание го проследија и видеото во кое тој ја има првата средба со соиграчите во Барса.

Полскиот напаѓач ќе ги мине лекарските прегледи и ќе биде претставен во академијата на Барса во Мајами, а првите минути ќе може да ги добие против Интер Мајами.

 

 

Се вчитува...