Матијас Лесор и во следната сезона ќе го носи дресот на Партизан откако денеска клубот го официјализираше продолжувањето на договорот. Францускиот репрезентативец пристигна во Белград при крајот на 2021 година и се наметна како незаменлив дел од составот на Жељко Обрадовиќ.
Партизан кој од следната сезона се враќа во Евролигата претходно се засили и со Џејмс Нанали, Данило Андушиќ и Данте Ексум, a oчекувањата се дека договорот ќе го продожи и Кевин Пантер што значи дека гостувањето во Аеродром против МЗТ Скопје ќе биде со екстра квалитетен состав.
✍️Novi ugovor za @ThiasLsf
🔗https://t.co/Zd7vr2q2gY#KKPartizan #ABALiga #EuroLeague pic.twitter.com/JJl91Yfy30
— KK Partizan NIS (@PartizanBC) July 18, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА