Лука Јовиќ неодамна пристигна во Фиорентина од Реал Мадрид и веднаш привлече големо внимание кај италијанската јавност. Српскиот фудбалер откри дека пораснал гледајќи ја Серија А.
Напаѓачот истакна дека е подготвен да направи се што ќе му каже тренерот, потенцирајќи дека постојано работи напорно за да ја врати својата стара препознатлива форма.
„Во Италија играа многу играчи од Балканот, што ми дава дополнителна мотивација. Подготвен сум да дадам се од себе, да направам се што ќе побара тренерот од мене. Работев напорно за време на паузата и веќе сум прилично фит. Пораснав гледајќи ја Серија А и едвај чекам да излезам на теренот“, изјави Јовиќ.
Српскиот репрезентативец се согласи со констатацијата дека секогаш играл подобро во систем со друг напаѓач.
„Точно е дека секогаш играв подобро со партнер во нападот, но играв сам и во Франкфурт и Мадрид. Тука сум да му помогнам на тимот. Селекторот ќе го одреди системот, а јас сум подготвен да го направам тоа што е потребно“, изјави Јовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА