Повторно заигра „метлата“ во Ливерпул: Клоп на уште еден фудбалер му ја покажа излезната врата (ФОТО)

Ливерпул е решен да се ослободи од дел од фудбалерите, а еден од нив е Бен Дејвис. Дефанзивецот не успеа да се избори за место во тимот на Јирген Клоп, ниту пак забележа еден официјален настап, па сега следна дестинација ќе му биде Глазгов Ренџерс.

Шкотскиот великан ќе плати 4 милиони фунти за потписот на Дејвис, со што играчот конечно ќе може да се надева на соодветна минутажа која не беше реална во Ливерпул. „Црвените“ му платија 500.000 фунти на Престон за потписот на Дејвис на почетокот на минатата година, а подоцна тој беше испратен на заем во Шефилд Јунајтед.

За Дејвис се интересирале и повеќе англиски клубови, но тој и Ливерпул решиле да ја прифатат понудата на Ренџерс.

 

 

 

Се вчитува...