Манчестер Јунајтед го има најнискиот стопер во Премиерлигата

Лисандро Мартинез е третото засилување за Манчестер Јунајтед под водство на Ерик тен Хаг. Аргентинскиот стопер во Премиерлигата доаѓа од редовите на Ајакс каде имаше одлична соработка со холандскиот стратег и се очекува да биде клучен играч на тимот во новата сезона.

Медиумите во Англија детално влегоа во анализа на новиот фудбалер на „црвените ѓаволи“, а замерка најдоа во неговата висина. Имено, Мартинез кој е висок 175 сантиметри во новата сезона ќе биде најнискиот стопер во Премиерлигата.

Овој факт доведе до сомнеж за успешноста во првенство кое се базира кон физичката подготвеност, но во минатото истакнати стопери како Карлос Пујол (178 сантиметри) и Фабио Канаваро (176 сантиметри) докажаа дека висината не е значајна за успешна кариера.

Се вчитува...