Стерлинг одби да даде автограм, па веднаш беше осуден од фановите на Сити (ВИДЕО)

Рахим Стерлинг ја промени клупската средина и од Манчестер Сити реши кариерата да ја продолжи во редовите на Челси. Офанзивецот се реши да го прифати повикот од „сините“, да влезе во нов предизвик по седумте години минати во редовите на актуелниот англиски шампион.

Стерлинг веќе почна подготовки со Челси за престојната сезона, а со еден потег ги здоби симпатиите на навивачите на новиот клуб, а ги разочара оние со кои до вчера заедно се радуваше на сите успеси, титули, голови.

Имено аглискиот напаѓач даваше автограми, а еден фан побара од него да се потпише на дрес на Сити при што Рахим одби тоа да го направи. Сосема очекувано ова ги налути поддржувачите на Сити кои сметаат дека покажал непочитување кон клубот во кој седум години „јадеше леб“ или поточно кон клубот чиј дрес го носеше до пред десеттина дена.

 

 

 

Се вчитува...