Репрезентативецот на БиХ, Миралем Пјаниќ деновиве со Барселона замина во САД на подготовки. Каталонскиот клуб пред два дена пристигна во Мајами каде ќе ги продолжи подготовките за новата сезона, а на програмата Барселона има закажано да одигра вкупно четири натпревари.
На списокот на играчи кои отпатувале за Мајами се најде и Пјаниќ, иако сите мислеа дека Чави веќе го отпишал. Сепак, во првите две недели од подготовките, Пјаниќ го импресионираше Чави, кој се предомисли и реши да му даде шанса на играчот од средниот ред на БиХ да се докаже.
Сепак, каталонски „Спорт“ денеска ги изненади сите со веста дека Пјаниќ ќе го напушти кампот на Барселона во Мајами и ќе се врати во Европа. „Спорт“ наведува дека Пјаниќ добил дозвола од Чави да ги напушти подготовките на неколку дена и да се врати во Европа, но веднаш демантираат дека се работи за трансфер и дека се враќа поради приватни обврски.
Имено, Пјаниќ од Мајами ќе се врати во Ница, каде е неговата сопруга Џозефа, која наскоро треба да го роди нивното второ дете. Пјаниќ доби дозвола да присуствува на раѓањето на сопругата, а потоа ќе се врати во Мајами. Пјаниќ и Џозефа го имаат заедно синот Един, кој е роден во 2013 година, а ова ќе биде нивно второ заедничко дете.
#FCB🔵🔴
🛫 Pjanic deja la concentración en Miami y regresa a Europa
✍️ @sanantheonehttps://t.co/8FVr7MiQHV
— Diario SPORT (@sport) July 18, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

