Македонските фудбалски претставници во квалификациите од „најмладото“ фудбалско натпреварување на УЕФА, Конференциската лига, Македонија Ѓорче Петров и Шкендија ги добија можните противници за 3. коло.
Доколку тимот од Ѓорче Петров во 2. коло ја мине бугарската ЦСКА Софија во 3. рунда ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Сент Патрик од Ирска и Мура од Словенија. Од друга страна Шкендија ако успее да ја елиминира летонска Валмиера во претпоследното квалификациско коло ќе игра против победникот од двомечот меѓу шведски АИК и украинска Ворскла.
Првите натпревари од 3. квалификациско коло во Конференциската лига се закажани за 4. август, додека реваншите се закажани за една недела подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА