Рафаел Надал по повредата на стомачниот мускул, најверојатно ќе биде подготвен за Роџерс Купот, турнир кој започнува на осми август.
Жан Лапиер, директорот на турнирот во Монтреал, пренесе радосна вест на сите љубители на „белиот“ спорт.
„Надал навистина сака да дојде во Монтреал, тој веќе резервира хотелски соби. Му испративме топки од турнирот за да се подготвува“, изјави Лапиер.
Надал на Роџерс Купот, кој наизменично се одржува во Торонто и Монтреал, славел пет пати, вклучувајќи ги и титулите во 2018 и 2019 година.
„Обично паузата за ваквите повреди е три или четири недели, се надевам дека ќе можам да го одиграм календарот што го зацртав. За една недела би требало да можам да играм од основната линија, без сервирање“, изјави Надал.
УС Опен започнува на 29 август, каде Надал ќе ја брка својата 23. Грен слем титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

