Мурињо прави застрашувачки тим: Покрај Дибала, Ѕаниоло добива нов договор во Рома

Жозе Мурињо прави неверојатен тим кој со сигурност ќе биде конкурентен во новата сезона на Серија А. Покрај Дибала кој е пред комплетирање на целосниот трансфер и на кој му остануваат уште медицинските прегледи, Рома го продолжува договорот со Николо Ѕаниоло.

Според „Кориере Дело Спорт“, двете стани водат преговори и истите се движат во посакуван правец, па според новиот договор 23-годишниот Николо би добил зголемување на платата од 2.5 милиони евра на 4 милиони евра.

Со ова Жозе Мурињо би имал напаѓачка тројка Ејбрахам, Дибала, Ѕаниоло што дефинитивно може да донесе напад на Топ 4 местата во Серија А и секако добар настап во ЛЕ.

Се вчитува...