Нуркиќ ќе игра за БиХ на Евробаскет

Ѕвездата на Портланд Трејблејзерс, Јусуф Нуркиќ потврди дека ќе настапи за репрезентацијата на Босна и Херцеговина на Евробраскет.

Подготовките на БиХ почнуваат на 28. јули, а во склоп на квалификациите за Светското првенство тие ќе одиграат мечеви против Црна Гора и Франција.

Тоа ќе бидат и последни натпревари пресрет Европското првенство кое на програмата е од 1. до 18. септември. Босна и Херцеговина на Евробаскетот се наоѓа во групата Б заедно со репрезентациите на Германија, Литванија, Франција, Унгарија и Словенија.

Се вчитува...