Шахтјор Доњецк реши и официјално да испрати тужба до ФИФА поради нефер одлука, Украинскиот клуб бара отштета од Светската фудбалска федерација пред Спортскиот арбитражен суд во Лозана.
Шахтјор тврди дека ФИФА нанела сериозна финансиска штета на клубот со одлуката да им дозволи слободно заминување на странските фудбалери.
„Моравме да го направиме ова поради нефер одлуката на ФИФА. Поради истата загубивме значителни финансиски средства, затоа што останавме без можност да ги реализираме планираните трансфери“, велат од Шахтјор.
Клубот бара отштета од 50 милиони евра, бидејќи проценката е дека толку загубил од фактот што четворица странски фудбалери заминале како слободни агенти и Шахтјор не можел да заработи пари од нивната продажба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА