Такефуса Кудо пристигна во Реал Мадрид во 2019 година каде надежен талент, но никогаш не доби шанса во првиот тим на „кралскиот“ клуб. По три години поминати на позајмици сега Јапонецот и официјално ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“.
Дваесетиедногодишникот кариерата ќе ја продолжи во Реал Сосиедад каде ќе остане до 2027 година по трансферот вреден 6.5 милиони евра, а Реал Мадрид ги задржа и правата на 50 отсто од следната продажба.
Јапонскиот репрезентативец кариерата ја започна во Токио, во Јапонија настапуваше и за Јокохама, а по доаѓањето во Реал Мадрид следеа позајмици во Мајорка, Вилјареал и Гетафе. Претходната сезона настапи на вкупно 30 натпревари за Мајорка, постигна еден гол и оствари една асистенција.
🇯🇵 Our new txuri urdin warrior ⚔
ラ・レアルの新たな戦士#TakeTxuriUrdin | #AurreraReala pic.twitter.com/Fi4cGBjEoV
— Real Sociedad (@RealSociedadEN) July 19, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

