Македонските женски ракометни преставници во Европскиот куп ги добија своите противници за 2. коло. Актуелниот шампион на Македонија, Ѓорче Петров за противник го доби исландскиот КА Пор.
Куп победникот, ЖРК Металург за ривал го доби шампионот на Грција, ПАОК од Солун. Чаир ќе игра против Истогу од Косово, додека Куманово ќе се сретне со израелскиот Макаби Рамат Ган.
Првите натпревари се закажани за 8/9 октомври, додека реваншите ќе се играат една недела подоцна.
Европски Куп, жени, 2 коло:
ПАОК (Грција) – Металург
Истогу (Косово) – Чаир
Куманово – Макаби Рамат Ган (Израел)
Ѓорче Петров – КА Пор (Исланд)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА