По смртта на Мино Раиола, доаѓа ерата на Рафаела Пимента, Бразилка која важи за највлијателната жена во светот на фудбалот. Пимента во агенцијата на Раиола работи повеќе од две децении и сега официјално ја презеде империјата, иако Мино зад себе остави два сина, Марио и Габриел.
Бразилката е таа која ќе го води бизнисот. Причината е што таа секогаш беше со Раиола во последната фаза од преговорите за играчите. Додека Мино беше претседател на најмоќната менаџерска агенција во светот на фудбалот, Мендеш и Пимента делуваа како потпретседатели со големи овластувала.
Кога новинарите Џани Кјанели и Анџело Писани направија биографија за Мино Раиола, Пимента не беше ниту спомната, на нејзино експресно барање сакаше да остане во сенка. Но, таа подоцна беше принудена да излезе од анонимност кога здравствената состојба на Раиола се влоши, а веќе во текот на пролетта таа го презеде најголемиот дел од работата. Бразилката ги преговараше условите на Халанд во Сити, го преговараше враќањето на Погба во Јувентус и ги финализираше преговорите на повеќето фудбалери низ Европа, иако Мино го заврши најголемиот дел од работата таму во текот на зимата.
Колку Пимента е влијателна покажува и фактот што таа го убедила и Де Лихт да се откаже од Челси и да се сврти кон Баерн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

