Фудбалерите на Манчестер јунајтед стигнаа и до третиот триумф во подготвителниот период. Холандскиот стратег Тен Хаг останува стоотстотен на клупата на „црвените-ѓаволи“ откако денеска славеше со 3-1 против ривалот од Премиер-лигата Кристал Палас.
Тимот од „Олд трафорд“ поведе со 1-0 со голот на Ентони Марсијал во 17. минута на асистенција на Диего Далот. Со овој резултат се замина на полувреме. Во втроиот дел на 2-0 зголеми Маркус Рашфорд во 48. минута на асистенција на Дони ван де Бек. На 3-0 зголеми Џејдон Санчо во 59. минута, додека конечните 3-1 ги постави Џоел Вард 75. минута.
Голот за 1-0 на Ентони Марсијал можете да го погледнете на следниот линк.
Голот за 2-0 на Маркус Рашфорд можете да го погледнете на следниот линк.
Голот за 3-0 на Џејдон Санчо можете да го погледнете на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

