Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу е пред трансфер во германскиот второлигаш Сент Паули.
Како што дознава ЕКИПА, Муслиу нема намера да продолжи со настапите во редовите на Ингелштад кој минатата сезона испадна од второлигашкото друштво во Германија, и периодов е во интензивни преговори за трансфер во еден од најдобрите клубови во Втората Бундеслига, Сент Паули.
Сент Паули минатата сезона беше во најтесна битка и за пласман во Бундеслигата во Германија, но на крај не успеа да обезбеди место во германската елита. Оваа сезона е еден од најсериозните кандидати за врвот во второлигашката конкуренција. Токму во таа насока се и преговорите за ангажман на македонскиот репрезентативец.
Ингелштад, пак, оваа сезона ќе се натпреварува во Третата германска лига која стартува престојниов викенд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА