Поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски и неговата АЕК Ларнака ремизираа (1-1) на гостувањето против данскиот шампион Митјиланд во првиот натпревар од 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Тричковски одигра одлични 82 минути за својот тим, кога беше заменет. Кипраните први поведоа на мечот, но Митјиланд успеа да се спаси од пораз со гол во 84. минута од средбата.
Ердал Ракип, пак, со неговиот Малме загубија на гостувањето против литванскиот Жалгирис кој триумфираше со 1-0. Ракип остана само на клупата за резервни фудбалери на овој натпревар.
Веќе се навестува и можниот противник на Шкупи во третото квалификациско коло, доколку чаирчани го минат Динамо Загреб, бугарски Лудогорец кој во првиот меч убедливо славеше со 3-0 против ирски Шамрок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

